Таа додаде дека не може и не треба сите да бидат предмет на регулиација, туку предмет на регулација ќе бидат одредени инфлуенсери, кои се обраќаат до општата јавност.
Петреска Камењарова објасни дека правилникот треба да биде донесен до средината на оваа година, 2 години од влегување на сила на законот.
Како што објасни таа, АВМУ ќе ги регулира инфлуенсерите кои имаат основна цел да информираат, забавуваат или образованат и кои креираат содржини за општата јавност, а не само за одредена мала група.
Според неа, од јули 2023 година со измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се направи усогласување со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на Европската унија, така што Агенцијата како регулаторно тело стана надлежна за и платформите за споделување видеа – Фејсбук, Јутјуб, Тик-Ток.