Авионска несреќа на аеродромот Лондон Саутенд – урнат авион на холандската компанија Zeush Aviation

Аеродромот Лондон Саутенд е затворен до понатамошно известување поради авијациска несреќа во која се урна авион на холандската авиокомпанија Zeush Aviation, пренесуваат британските медиуми.

Локалната полиција информираше дека околу 16 часот добиле дојава за авион долг 12 метри кој се запалил на локација во Саутенд-он-Си. Очевидци ја опишале сцената како „огнена топка“ што се урнала од небото, јавува BBC.

Zeush Aviation потврди дека нивниот лет SUZ1 бил вклучен во несреќата, и соопшти дека целосно соработуваат со британските власти во истрагата. Компанијата изрази сочувство со сите засегнати од инцидентот.

Според досегашните информации, авионот летал од Атина кон Пула, а потоа полетал за Лондон Саутенд, со планирано враќање во вечерните часови на аеродромот Лелистад. Засега нема официјални податоци за бројот на жртви.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни