Авионот со кој Асад ја напуштил земјата е изгубен од радарот, Ројтерс јавува дека можеби е убиен

Според агенцијата, АФП, два сириски извори рекле дека постои многу голема веројатност дека Асад бил убиен при падот на авионот, како и дека е мистерија зошто авионот направил изненаден маневар дека и исчезнал од картата


Сириски бунтовници прогласија дека го завршиле 24-годишното авторитарно владеење на Башар ал Асад, во првото обраќање на државната телевизија по брзата офанзива која го изненади светот. Асад рано утринава ја напуштил Дамаск во непознат правец, изјавивисоки воени офицери за Ројтерс, додека бунтовниците навеле дека влегле во главниот град, во кој немало војници. Ројтерс јавува, повикувајќи се на два сириски извори, дека Асад можеби бил убиен при падот на авионот, со кој избега од земјата.
Сириски авион полетал од аеродромот во Дамаск, отприлика во времето кога е објавено дека бунтовниците го зазеле главниот град, според податоци од сајтот Flightradar, што сугерира дека можеби во тој авион бил соборениот претседател Башар ал Асад, пишува Ројтерс.

Во авионот Асад бил со своето семејтсво.

Според агенцијата, АФП, два сириски извори рекле дека постои многу голема веројатност дека Асад бил убиен при падот на авионот, како и дека е мистерија зошто авионот направил изненаден маневар дека и исчезнал од картата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни