Авионот на „Ер Индија“ паднал врз хостел за лекари, досега пронајдени најмалку 30 жртви

Според официјалните информации, авионот, на летот AI171, превезувал 232 патници и 12 членови на екипажот

Патнички авион „Боинг 787-8 Дримлајнер“ на „Ер Индија“, кој утрово полета од Ахмедабад кон Лондон, се урна неколку минути по полетувањето и падна во хостел за медицински лица во кампусот на наставна болница.

Според официјалните информации, авионот, на летот AI171, превезувал 232 патници и 12 членови на екипажот.

Индиските медиуми јавуваат дека неколку лекари и студенти ги загубиле животите а до сега извлечени биле телата на 30 лица. 

„Авион се урна во зграда што е дом за лекари“

„Авионот се урна во зграда што е хотел за лекари“, потврди за медиумите портпаролот на полицијата Џајпал Сингх Раторе. Зградата е дом за медицински колеџ во кој се сместени студенти и млади лекари кои се на специјализација. Објавени се и фотографии што ја покажуваат внатрешноста на хотелот по несреќата. Спасувачките служби ги пребаруваат урнатините.

Според првичните информации, авионот ја изгубил висината кратко по полетувањето и се урнал во населен дел од градот, на само неколку километри од пистата. Пожарникарите, полицијата и службите за итни случаи пристигнале на местото на несреќата за неколку минути, а локалните власти сè уште се во пребарување на преживеани.

Несреќата повторно ги стави безбедносните проблеми на „Боинг“ во центарот на вниманието, особено со „787 Дримлајнер“, кој со години е под лупа поради голем број технички и производствени недостатоци – вклучувајќи го и сомнителниот квалитет на спојките на трупот и употребата на несертифицирани делови. Повеќе меѓународни регулатори започнаа истраги, а вработените во „Боинг“ јавно ја критикуваа компанијата за занемарување на безбедносните процедури.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни