Авион на Азербејџан Ерлајнс се урна во Казахстан, во леталото имало 67 патници и пет членови на екипажот (ВИДЕО)

Авионот се обидел да принудно слета околу три километри од градот Актаау, но на крајот не стигнал безбедно до пистата


Авионот на Азербејџан Ерлајнс со 67 патници се урна во близина на казахстанскиот град Актаау, соопштиле локалните власти, пренесува BBC. Авионот Embraer 190, лет J2-8243 на пат од Баку до Грозни, принудно слетал три километри од градот Актаау, пренесува Азернјуз.

Прелиминарните извештаи сугерираат дека несреќата била предизвикана од судар на леталото со јато птици.

Според првичните тврдења, во авионот имало 67 патници и 5 членови на екипажот. Деталите за состојбата на патниците и екипажот, како и степенот на оштетување на авионот, сѐ уште не се соопштени.

Азербејџан Ерлајнс соопштил дека дополнителни информации за инцидентот ќе бидат доставени до јавноста наскоро. Авионот се обидел да принудно слета околу три километри од градот Актаау, но на крајот не стигнал безбедно до пистата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни