Авионот на американскиот секретар за одбрана принудно слета во Обединетото Кралство

Авионот што го превезувал американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, неочекувано слетал во Обединетото Кралство поради пукнатина на шофершајбната, соопшти Пентагон, пренесува Index.hr.

„Авионoт слета согласно стандардните процедури и сите патници, вклучително и секретарот Хегсет, се безбедни“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, преку објава на платформата X (поранешен Твитер).

Хегсет се враќал од Брисел, каде што денес се сретнал со министрите за одбрана на НАТО.

Ова не е првпат американски воени авиони кои превезуваат високи функционери да имаат технички проблеми.
Почетокот на оваа година, авион на американското воено воздухопловство кој го превезувал државниот секретар Марко Рубио во Минхен бил принуден да се врати во Вашингтон поради механички дефекти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни