Авион на авиокомпанијата Wizz Air кој утрово полетал од Скопје кон Париз прогласил вонредна состојба околу два часа по полетувањето, додека се наоѓал над Луксембург, пренесуваат специјализирани сервиси за следење на летови.
Станува збор за летот W64719, управуван од авион „Airbus A321neo“. Според достапните информации, екипажот одлучил да го прекине летот и да го пренасочи кон аеродромот Брисел–Шарлроа, каде што леталото безбедно слетало околу 7:30 часот по универзално време, по приближно два часа и 15 минути во воздух.
Податоците од системот за следење на летови Flightradar24 исто така покажуваат дека авионот бил пренасочен и наместо во Париз слетал во Брисел.
Според објавите на дел од домашните медиуми додека авионот бил во воздушниот простор над Луксембург, пилотите побарале итно слетување на бриселскиот аеродром Шарлоа, кој бил поблизу се со цел да му се укаже лекарска помош на патникот.
