На летот, кој патувал од американскиот град Минеаполис, имало 76 патници и четворица членови на екипажот.
Компанијата „Делта ерлајнс“ нуди по 30.000 долари на секое лице кое се наоѓало во авионот што пред три дена се преврте на пистата во Торонто. Во несреќата никој не загинал.
Кога слетал во канадскиот град, авионот се лизнал по пистата во пламен пред да се преврти и да застане наопаку. Повеќето од патниците останале без повреди. Се уште не е јасно што ја предизвикало несреќата, а истрагата е во тек.
На летот што патувал од американскиот град Минеаполис имало 76 патници и четворица членови на екипажот, а портпаролот на Делта изјавил дека нема услови за добивање на отштета.
„Авансно плаќање“
Адвокатската фирма Rochon Genova со седиште во Торонто соопшти дека била ангажирана од некои од патниците и нивните семејства по несреќата. Адвокатот Винсент Џенова рече дека патниците што тој ги застапува очекуваат „навремено и правично решение“, истакнувајќи дека неговите клиенти „претрпеле сериозни телесни повреди кои бараат болничко лекување“.
Џенова изјави за Би-Би-Си дека компензацијата од 30.000 американски долари е „претходна“ исплата наменета да им помогне на жртвите од несреќата со краткорочни финансиски предизвици, а авиокомпанијата ќе се обиде да ја одбие од сите последователни плаќања.