Авганистанец уапсен во Данска под сомнение за планирање напад врз еврејски објекти во Германија

Германските власти потврдија дека осомничениот бил во контакт со лице кое собирало информации за еврејски лица и објекти во Берлин во корист на иранските разузнавачки служби.

Еден авганистански државјанин е уапсен во Данска под сомнение дека подготвувал напад врз еврејски објекти во Германија, соопшти денеска германското сојузно обвинителство.

Осомничениот бил во контакт со дански државјанин Али С., кој се сомничи дека работел за иранските разузнавачки служби, собирајќи информации за еврејски локации и поединци во Берлин, најверојатно со цел подготовка на напад.

„Лицето е во притвор под сомнение дека се согласило да поттикне друго лице на убиство. Наложен е притвор врз основа на налог издаден минатиот месец“, изјави германскиот државен обвинител.

Истрагата покажала дека крајот на мај осомничениот му ветил на Али С. дека ќе набави оружје за трето лице – чии идентитет и улога сè уште не се познати – и дека ќе го наговори да нападне еврејски цели на германска територија.

Авганистанецот, според данските власти, веќе бил познат по набавка на оружје, дополнителна опрема и експлозивни направи, што ги зајакнало сомневањата во можноста за терористичка активност.

Во контекст на зголемените геополитички тензии, германските безбедносни служби во јуни годинава ја зајакнаа заштитата на еврејските и израелските институции, непосредно по избиувањето на 12-дневниот вооружен судир меѓу Израел и Иран.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни