Третиот „Аватар“ пристигнува во декември – најдолгиот филм во франшизата

„Avatar 3: Fire and Ash“ ќе трае 195 минути и носи најамбициозна визуелна приказна на Џејмс Камерон досега.

Фановите на научно-фантастичниот универзум на Џејмс Камерон ќе дочекаат ново поглавје: третиот дел од франшизата „Аватар“, насловен Avatar 3: Fire and Ash, пристигнува во кината на 19 декември 2025 година. Филмот веќе го привлече вниманието поради фактот дека ќе биде најдолгото издание во серијалот, со времетраење од 195 минути, односно три часа и 15 минути.

Со ова, новиот „Аватар“ го надминува претходниот дел The Way of Water, кој траеше три часа и 12 минути, додека оригиналниот филм од 2009 година имаше значително пократки – два часа и 42 минути. Но, со оглед на сложеноста на светот Пандора, напредните визуелни ефекти и обемната нарација, долгиот формат не е изненадување.

За најпосветените обожаватели, веќе е достапен и документарецот „Fire and Water: Making The Avatar Films“ на Disney+, кој нуди длабок поглед зад кулисите на продукцијата на вториот дел, но и ексклузивни сцени од претстојното трето поглавје.

Како дополнително изненадување, беше потврдено дека Мајли Сајрус ќе сними нова песна за „Avatar 3“, што веќе предизвикува силен интерес кај публиката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни