Авангардниот уметник Зоран Арсовски Бабата со меѓународна изложба во Котор

Академскиот авангарден уметник Зоран Арсовски – Бабата со своја самостојна изложба ќе учествува на меѓународниот уметнички Фестивал на светлината “Палатите блештат”, кој ќе се одржи на 23 и 24 јуни 2023 година во најубавиот средновековен град на медитеранот Котор, во Црна Гора. Овој фестивал се одржува по шести пат на повеќе локаци во стариот дел на градот Котор. Организатори се Градската Галерија Котор и Центар за култура “Никола Ѓурковиќ”. Тие најавуваат видео проекции кои ќе ги презентираат уметничките дела на секој уметник посебно во вид на самостојна изложба и обраќање на уметниците проследено со добра музика и пријатен амбиент. Со тоа на посетителите во една поинаква атмосфера ќе им се овозможи да уживаат во уметничките дела.

„За да се учествува на овој меѓународен фестивал на уметноста требаше претходно да се аплицира на јавниот конкурс што беше објавен од страна на организаторите и секој партиципиент аплицира со своите уметнички дела. Право на учество имаат сите визуелни уметници од целиот свет кои активно работат и имаа најнов опус на дела. По завршениот конкурс стручното жири  направи селекција и ги одобри најдобрите проекти. Јас сум еден од нив и оваа година со своја самостојна изложба ќе учествувам на овој фестивал“, изјави Зоран Арсовски за Трн.

Оваа година ќе учествуваат 26 уметници, а Арсовски на публиката ќе се престави со неговите најнови дела.

„Јас оваа година ќе учествувам со своја концептуална самостојна изложба од мојот најнов опус на слики кои се изработени во комбинирана техника со која повеќе години наназад работам и творам“, посочи македонскиот уметник.

Тој е познат по бројни концептуални самостојни како и групни изложби и проекти со кои има учествувано на Национално и многу повеќе на Меѓународно ниво во повеќе држави низ светот. За својата работа има добиено повеќе награди, признанија и дипломи.

Зоран Арсовски – Бабата е роден 1980 во Куманово. Дипломирал 2005 година и Магистрирал 2007 година на Националната ликовна акдемија во Софија, насока „Сликарство“ во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Работи во Национална установа центар за култура “Трајко Прокопиев” Куманово, како стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура. Има учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, симпозиуми во земјава и странство.

На прашањето кога самостојна изложба во Македонија тој  одговори: „Само да не служи здравјето како што треба и креативната моќ и може наредната година да очекуваме нови дела и изложба кај нас“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни