Аутопсијата покажа дека Пејн не се самоубил, тројца обвинети за неговата смрт

Три недели по смртта на Лијам Пејн, обвинителите во Аргентина ја отфрлија можноста за самоубиство како причина и обвинија три лица.
Фото: Инстаграм

Аутопсијата на ѕвездата од One Direction покажа дека неговите повреди не биле од самоповредување или физичка интервенција од други лица. Тој починал од повеќе повреди кога паднал од балконот на третиот кат од неговата хотелска соба во Буенос Аирес на 16 октомври на 31 годишна возраст..

Откако La Nación објави дека персоналот на хотелот Casa Sur повикал полиција пред инцидентот за да пријави „агресивен човек кој можел да биде под дејство на дрога или алкохол“, извештајот за токсикологија открил повеќе лекови во неговиот систем во моментот на смртта.

Тројцата осомничени, кои не се идентификувани, се обвинети за „напуштање на лице што резултира со смрт, снабдување и олеснување на употреба на наркотици“. Судијата им забранила да ја напушаат земјата, но никој не е уапсен.

Еден од осомничените бил некој близок на Пејн кој најверојатно работел со него, едниот бил вработен во хотел, а другиот му обезбедувал дрога на пејачот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни