Аукција на Дејвид Линч: Повеќе од 450 лични предмети се продаваат на аукција

Аукцијата во живо ќе се одржи на 18 јуни на веб-страницата на Julien’s Auctions и во нивната аукциска куќа во Гардена, Калифорнија.

Минати се речиси пет месеци откако го загубивме визионерот режисер Дејвид Линч, а сега неговите спомени и предмети се достапни на аукција.

Julien’s Auctions и Turner Classic Movies (TCM) ја објавија Колекцијата на Дејвид Линч, која содржи повеќе од 450 предмети, вклучувајќи винил колекција, книги, сценарија, слики, музички инструменти и филмски спомени со голема сентиментална вредност. Вклучени се дури и некои од неговите алати и додатоци од работилницата.

„Julien’s и TCM се горди што првпат му ја претставуваат на јавноста оваа неверојатна колекција на еден од најголемите и најпочитувани филмски режисери на сите времиња, Дејвид Линч“, изјави Кетрин Вилијамсон, директорка за забава во Julien’s Auctions.

„Овие историски и сакани предмети кои ја одразуваат уникатната уметничка визија на Дејвид Линч, како и неговите страсти и интереси – од неговата режисерска столица, еспресо машина, гитара и колекција на плочи, до декорот инспириран од Twin Peaks – доаѓаат директно од домот на визионерскиот уметник чии енигматични филмови ги разбудија нашите најимагинативни и колективно надреални соништа.“

Некои од најинтересните предмети од колекцијата:

Режисерската столица на Дејвид Линч
Столицата е украсена со неговото име на задниот дел во златна боја. Моментална понуда: 7.000 долари.

Moviola уред за гледање филм од продукциската канцеларија на „Дина“
Оригинален Moviola Midget за прегледување 35мм ролни за потребите на монтажа. Моментална понуда: 1.250 долари.

Црвена завеса и килим во стилот на Black Lodge од Twin Peaks
Сакате да креирате сопствен Black Lodge дома? Моментална понуда: 1.750 долари.

Рачно нацртана мапа на Twin Peaks
Најдете го патот до местото „прекрасно и чудно“ со мапа нацртана и потпишана од Дејвид Линч. Проценета вредност: 40.000 – 60.000 долари.

Сценарија од Mulholland Drive
Група од три сценарија од продукцијата на нео-ноар ремек-делото Mulholland Drive. Моментална понуда: 2.250 долари.

Аукцијата во живо ќе се одржи на 18 јуни на веб-страницата на Julien’s Auctions и во нивната аукциска куќа во Гардена, Калифорнија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни