Augmented reality experience на улица Волт Дизни!

Даниел Пикл, АИ/АР креатор од Хрватска, кој креираше специјални карактери кои оживуваат кога ќе скенирате QR кодови кои ќе ги најдете на неколку локации долж улицата—и сите носат бели ракавици , исто како ликовите со кои сите пораснавме

За оваа сабота Комшилоок го најавуваме Даниел Пикл, АИ/АР креатор од Хрватска, кој креираше специјални карактери кои оживуваат кога ќе скенирате QR кодови кои ќе ги најдете на неколку локации долж улицата—и сите носат бели ракавици , исто како ликовите со кои сите пораснавме!

Овие забавни и интерактивни ликови креирани од @danielpikl не само што ќе ве потсетат на вашите омилени од детството, туку ќе бидат и одлична можност за децата да се забавуваат и играат.

,,Белите ракавици, првично дизајнирани од Волт Дизни за да ги направат гестовите повидливи, се совршен симбол за темата на нашиот фестивал: Видливост. Преку овие дигитални ликови, носиме носталгија и иновација. Но, има уште! Користејќи дополнета реалност, тој ви овозможува да се поврзете со уметноста на сосема нов начин. Секое скенирање на QR код ги доближува овие ликови до вас, правејќи уметноста лично и имерзивно искуство” најавуваат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни