Германскиот производител на автомобили Audi ќе ја затвори својата фабрика за електрични автомобили во Брисел на 28. февруари следната година, соопшти менаџментот на компанијата на посебен состанок со Работничкиот совет.
Како што пренесуваат медиумите, во Белгија ќе се произведува уште два и пол месеца во фабриката „Forest“ моделот на електричен автомобил, K8 e-tron SUV, чија основни цена изнесува 80.000 евра по примерок.
Причината за затворање на фабриката се падот на побарувачката и високите трошоци за производство. Загрозени се повеќе од 3.000 директни работни места, заедно со неколку стотини подизведувачи.
Audi е член на групата Volkswagen, која неодамна најави затворање на една до три фабрики во Германија, што претставува преседан што до сега не се видел.
Синдикатите останале изненадени по одлуката на Audi.
Хоакин Мапика, кој работел како подизведувач на логистика во фабриката од 2006. година, вели: „Разочаран сум од сè што се случува, разочаран сум од одлуката да се затвори локацијата. Да имаше само алтернатива за да се задржи локацијата, но не верувам во тоа“.
Германскиот производител Volkswagen, кој го контролира брендот Audi, е водечки европски производител на автомобили. Неодамна компанијата објави дека размислува за затворање на неколку фабрики во Германија, првпат во својата 87-годишна историја.
Оваа одлука е дел од планот за заштеда, бидејќи компанијата се соочува со потешка конкуренција надвор од Европа. Извршниот директор на Volkswagen, Оливер Блум, изјави дека „нови играчи влегуваат во Европа. Германија како бизнис-локација дополнително заостанува во поглед на конкурентноста“.
Портпаролот на Audi во Брисел, Петер Д’Хуре, истакнал дека покрај „долготрајните структурни предизвици“, фабриката не мора нужно да биде затворена.
Според германскиот весник „Handelsblatt“, менаџментот на Volkswagen сè уште се обидува да избегне затворање во Германија преку намалување на платите и бонусите. Според неодамнешните предлози, намалување на платите за 10 проценти во основниот бренд VV ќе заштеди скоро 800 милиони евра годишно.