Атина воведува „Safe City“ со вештачка интелгенција

Камери со АИ регистрирале над 2.000 сериозни прекршоци за само четири дена
Photo: Giannis Panagopoulos/EUROKINISSI

Грчките власти започнаа пилот-проект за унапредување на безбедноста во сообраќајот во Атина, со воведување на системот „Safe City“, кој користи сообраќајни камери со вештачка интелигенција. Само во првите четири дена од тестирањето, системот регистрирал повеќе од 2.000 сериозни сообраќајни прекршоци, покажуваат официјалните податоци.

Според информациите објавени од грчкиот дневен весник Катимерини, една камера со вештачка интелигенција поставена на авенијата Сингру, една од најфреквентните сообраќајници во градот, во периодот од вторник до петок регистрирала над 1.000 прекршоци поврзани со користење мобилен телефон при возење и неносење безбедносен појас.

Во истиот временски интервал, системот евидентирал околу 800 случаи на пребрзо возење на дел од патот каде што максимално дозволената брзина е 90 километри на час, како и 480 поминувања на црвено светло.

Пилот-проект на осум ризични локации

Пилот-програмата започна минатата недела и опфаќа осум локации со висок ризик од сообраќајни несреќи, избрани по препорака на грчката полиција. Проектот е дел од поширока национална стратегија за намалување на бројот на сообраќајни несреќи и жртви на патиштата.

Грчкиот министер за дигитално управување Димитрис Папастергиу истакна дека воведувањето на ваквата технологија е политичка одлука со јасна општествена цел.

„Станува збор за намалување на бројот на сообраќајни несреќи и спасување човечки животи“, изјави Папастергиу, нагласувајќи дека фокусот на системот не е репресија, туку превенција.

Одвраќање наместо казнување

Според министерот, целта на „Safe City“ е да делува одвраќачки, а не исклучиво казнено. „Сакаме граѓаните да знаат дека правилата важат за сите и дека се спроведуваат на фер, транспарентен и современ начин“, додаде тој.

Властите најавуваат дека по завршувањето на пилот-фазата ќе следи анализа на резултатите, по што ќе се одлучи дали системот ќе биде проширен и на други делови од градот, како и на други грчки градови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни