Компанијата Intuitive Machines објави дека нејзината роботското летало Athena слета на површината на Месечината, но се уште не се знае во каква состојба е. Шестножното летало Athena кое пренесува 11 пакети и научни инструменти слета на висорамнината Mons Mouton, сместена околу 160 километри од јужниот пол на Земјиниот сателит.
Целта беше да слета до 12:32 по источна американска временска зона, но податоците покажуваат дека моторот на леталото во тој момент се уште работел и чини се дека бил над површината. Контролата на мисијата наредила исклучување на моторот, а потоа објавила дека lander-от слетал и дека е вклучен, но моторите се исклучени. Не се знае дали lander-от слетал исправено или паднал на страна.
Athena беше лансирана со ракета SpaceX на 26 февруари од Флорида. Intuitive Machines, компанија со седиште во Хјустон, прв пат се обиде да слета на Месечината пред точно една година со lander-от Odysseus.
Тоа беше прво успешно слетување на Месечината од страна на приватна компанија, но поради пребрз удар на површината се скрши една нога, по што леталото се преврте и беше уништен дел од опремата за планираните експерименти.
До сега на Месечината успешно слетале пет држави: поранешниот Советски Сојуз, САД, Кина, Индија и минатата година Јапонија. САД и Кина моментално водат трка за тоа кој прв ќе доведе астронаути на Месечината во оваа деценија.
Индиското безпилотно летало Chandrayaan-3 во 2023 година слета близу јужниот пол. Светските сили се заинтересирани за колонизација на Земјиниот сателит поради неговото потенцијално богатство со ресурси. Firefly Aerospace, компанија со седиште во Остин, овој месец го прослави успешниот контакт на својот lander Blue Ghost, остварувајќи најуспешно меко слетување на приватна компанија досега.
Intuitive Machines, Firefly, Astrobotic Technology и неколку други компании развиваат лунарни летала во рамки на програмата на НАСА Commercial Lunar Payload Services, иницијатива за развој на нискобуджетни вселенски летала кои можат да ја истражуваат површината на Месечината пред САД да испратат астронаути таму околу 2027 година.