Атентатор на рускиот генерал Алексеев уапсен во Дубаи

По обидот за атентат, генералот Алексеев бил хоспитализиран во тешка состојба, а потоа била покрената истрага и кривична постапка

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба Владимир Алексеев е приведен во Дубаи и екстрадиран во Русија, а тој е руски државјанин, соопшти денес Центарот за односи со јавноста на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Руската Федерација.

„Со помош на партнери од Обединетите Арапски Емирати, рускиот државјанин Љубомир Корба, роден во 1960 година, кој беше директен извршител на злосторството, беше приведен во Дубаи и предаден на руската страна“, се вели во соопштението, според РИА Новости.

Во соопштението на ФСБ се наведува и дека Виктор Васин, соучесник во обидот за атентат врз генералот Алексеев, е уапсен и приведен во Москва.

„ФСБ, заедно со Министерството за внатрешни работи на Русија, по спроведување на истражни мерки во врска со обидот за атентат врз првиот заменик-началник на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација, генерал-потполковник Владимир Алексеев, идентификуваше и уапси соучесник во ова злосторство, рускиот државјанин Виктор Васин, роден 1959 година, приведен во градот Москва“, се вели во соопштението.

На 6 февруари, напаѓач го застрела генерал-потполковник Алексеев во станбена зграда во Москва.

По обидот за атентат, генералот Алексеев бил хоспитализиран во тешка состојба, а потоа била покрената истрага и кривична постапка за обид за убиство и нелегална трговија со огнено оружје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни