Астронаутите кои беа заглавени во вселената 9 месеци: Моравме да ги игнорираме нашите емоции

Астронаутите Суни Вилијамс (59) и Буч Вилмор (62), кои минаа девет месеци на Меѓународната вселенска станица (МВС) поради технички компликации, неодамна се вратија на Земјата, а сега за првпат јавно проговорија за Фокс њуз за тоа како реагирале кога дознале дека нема да се вратат дома според планираното.

„Морав да ги оставам емоциите настрана. Мојата прва мисла беше – мора да се прилагодиме“, изјави Вилијамс. „Помислив: Во ред, ајде да го извлечеме најдоброто од ова. Планиравме и трениравме за сите сценарија, па бевме подготвени да се справиме со задачите што не чекаа“, додаде таа.

Вилмор нагласи дека морал да ги остави личните емоции настрана и да се фокусира на пошироката слика. „Тоа не беше за мене или за моите чувства“, рече тој. „Се работи за националните цели и она што го претставува оваа вселенска програма. Дали размислував дека ги пропуштам приредбите на мојата ќерка? Се разбира. Но, не можев да дозволам тоа да се меша во она за што бев таму“.


Вилијамс и Вилмор отпатуваа во вселената во јуни 2024 година, а планираниот престој на станицата беше само осум дена. Меѓутоа, поради непредвидени околности, нивната мисија беше драстично продолжена – толку многу што тие ја поминаа новогодишната ноќ во орбитата, а на Земјата се вратија дури на 18 март 2025 година. Нивната ситуација го привлече вниманието на јавноста ширум светот, особено откако мисиите за враќање беа постојано одложувани. И покрај се, астронаутите задржаа позитивен дух и професионализам.

Иако нивното враќање донесе големо олеснување, експертите предупредија дека непланираниот долг престој во вселената може да има сериозни последици по нивното здравје. Исто така, многумина беа изненадени кога видоа колку физички се промениле астронаутите за девет месеци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни