Астронаутат Метју Доминик, од мисијата SpaceX Crew-8, објави тајлмлапс од фоторафии сликани од Меѓународната вселенска станица кога поминувала над Каиро, Египет. Тој случајно фотографирал зелена експлозија на 2 септември.
Експлозијата била предизвикана од метеор кој влегол во атмосферата на Земјата и изгорел.
„Им го покажав ова на неколку пријатели за да видам што мислат. Тие се согласија дека станува збор за метеор кој експлодира во атмосферата – прилично светол“ напиша Доминик на социјалните мрежи.
Доминик сподели две верзии од тајмлапсот. Во неговата првична објава, видеото беше успорено на еден фрејм во секунда, нудејќи подетален преглед на метеорот. Во коментарите тој сподели и побрза верзија, во која метеорот се појавува само како блескава светлина.
Со оглед на исклучителната осветленост на метеорот, тој се смета за болид, што е голем метеор кој експлодира во атмосферата на Земјата со доволно сила за да создаде звучен бум. Светлината од овој тип на метеори може да трае неколку секунди, па дури и минути, и да создаде светол сјај на небото што е многу посилен од ѕвездите и месечината.
„Мислам дека е интересно да се спореди големината на експлозијата на овој метеор со други објекти што се гледаат како Медитеранот или Каиро“, коментира Доминик.
Извор: Space.com