Познавате ли некој, кој ги освојува сите жени, има неодолива харизма и шарм со кој плени? Астролозите тоа го препишуваат на хороскопските знаци, иако тоа не е правило. Сепак на некои мажи им се посреќува без многу труд да го привлечат женското внимание и со тоа да бидат „фаца“ во друштвото.
3 место – СТРЕЛЕЦ
Мажите кои се родени во знакот на Стрелец се големи авантуристи, а во нивната природа е секогаш да најдат ефикасен начин на додворување. Оптимисти се, искрени, но и често импулсивни. Жените најчесто немаат одговор зошто мажите кои се Стрелци најмногу им го привлекуваат вниманието. Сепак, мажите од овој знак се познати по тоа што се добродушни и спремни да подадат рака. Според мислењата на понежниот пол, мажите Стрелци се секогаш занимливи.
2 место – БЛИЗНАЦИ
Близнаците се познати по духовитоста. Тоа е нивно главно оружје во флертувањето. Комуникацијата исто така им е силна страна, па им е лесно и само со зборови да остават позитивен впечаток кај жената што им се допаѓа. Секогаш се подготвени за сериозен, искрен и отворен разговор, а тоа на жените им годи. Љубезни се и навистина забавни, па ретко која жена може да каже на еден Близнак дека не и се допаѓа.
1 место – ЛАВ
Лавовите се познати по нивното „кралско држење“ и шармот, што природно ги прави мајстори на додворувањето. Тие сакаат да се во центарот на вниманието и ништо не им прави поголемо задоволство од комуникацијата со некој кој им се допаѓа. Според сето тоа, астролозите ги категоризираа како кралеви на флертот. Нивната голема самодоверба и природна харизма ги прави да се едноставно неодоливи. Ако Лавот одлучил да освои една жена, тој и ќе успее во тоа.
Извор: mondo.rs