Aстероидот 887 Алинда долг 4 километри викендов е најблиску до Земјата

За време на најблискиот пристап, што се случува денес, астероидот ќе биде на растојание од 0,08220 астрономски единици (AU) од Земјата, што е околу 12,3 милиони километри или 32 пати просечното растојание до Месечината.

Астероид 887 Алинда, овие денови е најблиску до Земјата во последните 100 години. Тој беше откриен на 3 јануари 1918 година од германскиот астроном Макс Волф во хеиделбершката опсерваторија и е редок и голем астероид со проценет дијаметар од 4,2 километри. За споредба, тоа е приближно ширината на островот Менхатн. Додека астероидите можат да бидат различни по големина, од џуџеста планета Церера (со дијаметар од 940 километри) до помали објекти, астероидите поголеми од 1 километар се мали процент од астероидите во близина на Земјата.

Овој астероид е еден од петте најголеми астероиди што ќе се приближат до Земјата на растојание помало од 15 милиони километри до 2200 година. Иако не се смета за потенцијално опасен астероид, бидејќи неговата орбита не го поставува во директен курс со Земјата, неговата ексцентрична орбита ќе ни донесе неколку близки средби. За време на најблискиот пристап, што се случува денес, астероидот ќе биде на растојание од 0,08220 астрономски единици (AU) од Земјата, што е околу 12,3 милиони километри или 32 пати просечното растојание до Месечината.

Иако тоа изгледа прилично близу – и тоа е во астрономски термини – ова растојание сепак е огромно. На оваа дистанца, објектот ќе биде прилично светол на небото следните 10 дена. Можете да го гледате во живо преку Виртуелниот телескоп, почнувајќи од 8 јануари 2025 година во 20:30 UTC. Ќе може да се види и на 12 јануари, започнувајќи во 17:30 UTC, кога астероидот ќе достигне врвна светлина. Дури и ако го пропуштите ова, ќе можете да го видите објектот со мал телескоп, особено на северната хемисфера, во созвездијата Орион и Близнаци. Објекти волку светли, големи и блиски се реткост и се случуваат само еднаш во неколку децении.

По овој близок пристап, 887 Алинда нема да се приближи повторно до Земјата до 25 јануари 2087 година, кога ќе биде на растојание од 0,16633 AU.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни