Астероид широк 220 метри месецов ќе помине покрај Земјата

Жителите на северната атмосфера овој месец ќе може да го видат астероидот „2024 ON“ додека поминува покрај Земјата на блиска, но безбедна оддалеченост.

Астероидот е широк околу 220 метри, а од земјата ќе биде оддалечен нешто помалку од 100 илјади километри, што е отприлика 2,6 пати повеќе од оддалеченоста на нашата планета и Месечината, соопшти платформата Virtual Telescope Project.

Како што се напоменува овој астероид покрај Земјата на оваа оддалеченост поминува на секои 10 години.

Претходно годинава НАСА објави дека открила два нови астероиди кои поминуваат покрај Земјата. Едниот дури и имал мала месечина што кружи околу него, додека другиот бил откриен само 13 дена пред да биде најблиску до Земјата. Сепак, и двата астероиди биле доволно далеку да не претставувале никаков ризик за судир со нашата планета.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни