Оскаровците Ким Магнусон и Ребека Прузан на втората натпреварувачка вечер на Филмскиот фестивал „Астерфест“

Втората натпреварувачка вечер на Филмскиот фестивал „Астерфест“, започнува вечерва во 20:30 часот, во Амфитеатарот, со претставување на двократните оскаровци Ким Магнусон и Ребека Прузан од Данска од страна на Саша Станишиќ, кои како југоисточноевропска премиера ќе го прикажат својот најнов филм „Љубовни маки“ во режија на Александер Саул.

Веднаш потоа следуваат уште десет ексклузивни кратки филмови: европската премиера на „Избавени од злотворот“ на Бенџамин Хекман и Лук Сарџент и „Мигови“ на Катја Фридрих, „Фортисимо“ на Виктор Цеска, „Солени животи“ на Рустам Мелиев, „Гнездо“ на Настимир Цачев, „За живеењето“ на Сезер Салихи, „Навја“ на Ана Шиленкова, „Почест“ на Мат Цискас, „Прошетка“ на Елеонора Венинова и „Ги знаеш правилата“ на Овен Тут.

Авторите на повеќето филмови пристигнаа во Струмица и тие ќе ѝ се претстават на астерфестовската публика.

Со разновидните вечерни проекции во Амфитеатарот и со придружните дневни настани, Фестивалот ќе трае до 5 август вечерта, кога ќе се прикажат наградените филмови од натпреварувачката програма.

„Астерфест филм фестивал“, во пресрет на јубилејната сезона, организира серија промотивни настани и авторски проекции, под насловот „Тивериополски филмски денови“, а ја обнови и едицијата книги „Словенски Орфеј“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни