„Assassin’s Creed“ конечно доби зелено светло за серија на Netflix

По речиси пет години развој, Netflix конечно даде зелено светло за снимањето на играната серија „Assassin’s Creed“, базирана на истоимената глобално популарна видео игра.

Серијата ќе ја создадат Роберт Патино („Westworld“, „Sons of Anarchy“) и Дејвид Винер („Halo“, „The Killing“), кои ќе бидат и сценarисти и извршни продуценти, објави The Hollywood Reporter.

Франшизата „Assassin’s Creed“ на францускиот издавач Ubisoft првпат се појави во 2007 година, а досега се продадени над 230 милиони примероци низ светот.
Во 2016 година беше објавен и филм, кој заработи 240 милиони долари на светските благајни.

Netflix ја опишува новата серија како напнат трилер фокусиран на тајната војна помеѓу две сенчести фракции – едната се стреми кон контрола и манипулација на човештвото, додека другата се бори за зачувување на слободната волја. Приказната ќе ги следи ликовите низ клучни историски настани, додека се борат да ја обликуваат судбината на светот.

Новата серија се надоврзува на други успешни адаптации на игри на Netflix како „Castlevania“, „Arcane“, „Cyberpunk: Edgerunners“, како и претстојната „Splinter Cell: Deathwatch“.

„Фанови сме на ‘Assassin’s Creed’ уште од 2007 година. Под спектаклот, паркурот и акцијата се крие длабока човечка приказна – за потрагата по смисла, за идентитетот, судбината и верата. Тоа е приказна за моќ, насилство, секс, алчност и одмазда“, изјавија Винер и Патино.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни