Асоцијацијата Независна културна сцена на Србија со реакција по приведувањата на нивните колеги

Како заедница на слободни и солидарни работници во културата, испраќаме порака до сите наши колеги и колешки ширум светот, а особено до нашите соседи, дека ќе направиме сè што е во наша моќ за да ова никогаш повеќе не се повтори.

Асоцијацијата Независната културна сцена на Србија со соопштение регира по повод приведувањата и забраната влез во земјата за нивните колеги и колешки од соседни земји.

„На 21. јануари во Белград, полицајци во циви привеле во еден белградски хотел повеќе лица, државјани на Хрватска, Словенија, Македонија, Романија и Албанија и во неозначен автомобил ги однеле во ПУ Нов Белград. Сите тие се работници и работнички во областа на цивилното општество, а меѓу нив е и нашата колешка од организацијата WHW од Загреб која се занимава со современа уметност. Тие во нашата земја дошле за да учествуваат во програмата на Erste Академијата која се одржала овие денови во Белград.

Во полициската станица биле задржани неколку часа. За тоа време, биле испитувани за своето образование, за факултетите кои ги завршиле, како и за причините за доаѓање во Белград. По тоа, им бил даден документ на нашиот јазик на кирилично писмо кој биле принудени да го потпишат иако повеќето од нив не разбрале ниту една реченица од содржината. Колешките од Хрватска истакнале и тоа дека им биле преведени документите на нивно барање во полицијата. Сепак, во тој документ, односно решението, се наведува дека тоа се донесува „со мислење на државниот орган надлежен за заштита на безбедноста на Република Србија, кој утврдил дека престојот на именуваната/именуваниот, државјанин/државјанка (…) претставува неприфатлив безбедносен ризик за Република Србија.“

Со ова решение, приведените имале оставено 24 часа да ја напуштат Србија, а им било забрането да влезат во нашата земја во следните една година.

Ние, доле потпишаните, повикуваме јавноста да го сфати овој настан како знак дека повеќе не треба да биде толерантна на вакви постапки на властодршците и да во овој чин види доказ за нивната паника под притисокот на општата општествена побуна. Плашливиот, незаконски и подол третман на колегите од цивилниот сектор од соседните земји е опасен обид за зајакнување на наративата за странски агенти, платеници и тајни служби, чии намери се да ја заплашат јавноста на Србија.

Како заедница на слободни и солидарни работници во културата, испраќаме порака до сите наши колеги и колешки ширум светот, а особено до нашите соседи, дека ќе направиме сè што е во наша моќ за да ова никогаш повеќе не се повтори. Одбиваме да прифатиме дека најплеменитите вредности – соработка, почитување, солидарност и уважавање – кои ги промовираме заедно со огромен број колеги од регионот, се дискриминирани, казнувани, санкционирани, а нашите гости, соработници и пријатели се приведуваат, малтретираат и исфрлуваат од нашата земја без било каков основ и објаснување. Доста е од жртвите и траумите од воено-хушкачката националистичка политика на овие исти власти кои беа на власт во текот на деведесеттите, како и во овие последни тринаесет години, кога не срамеа пред регионот и светот.

Бараме од државата Србија да им се извини на сите приведени колеги и на нивните земји и да го поништат веднаш срамното решение на Министерството за внатрешни работи на РС„, стои во писмото на Асоцијацијата Независна културна сцена Србија и нејзините членови

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни