Артконект го објави графичкиот роман „Бранови“ на Ингрид Шабер и Карол Морел

Во рамки на издавачката куќа Артконект се објави графичкиот роман „Бранови“ од Ингрид Шабер (авторка на текстот) и Карол Морел (илустраторка). Англиското издание на оваа книга ја доби наградата „Харви“ за најдобар европски стрип.

По години исполнети со тешкотии поради неуспешните обиди да имаат дете, две млади жени конечно ќе се усреќат со веста дека едната од нив е бремена. Токму кога ќе мислат дека животот почнува да им се средува и да добива полна смисла, тие ќе се соочат со силен шок и траума. Нивната врска е ставена на тест во тој тежок период, со што и двете ќе сфатат дека мора да ја прифатат реалноста што им ги крши срцата и да ја реосмислат нивната врска, барајќи нова среќа и нова рамнотежа во животот. Книга за загубата и повторното наоѓање надеж.

„Ова е таков вид книга што може да ве повлече во себе и да ве натера да се расплачете, а притоа сепак да ве поттикне да ја дочитате поради нејзината моќна амбиција… одличен пример за тоа што ги прави графичките романи толку моќни во рацете на вистински талентирани автори.“ – Хафингтон пост, „Најдобрите графички романи за 2019 г.“

© за македонското издание: АРТКОНЕКТ ДОО Скопје

Книгата е објавена во рамки на проектот „Соочување со неизвесноста: современа европска литература“ што издавачката куќа Артконект го реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.


Преводот е на Елисавета Поповска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни