По години исполнети со тешкотии поради неуспешните обиди да имаат дете, две млади жени конечно ќе се усреќат со веста дека едната од нив е бремена. Токму кога ќе мислат дека животот почнува да им се средува и да добива полна смисла, тие ќе се соочат со силен шок и траума. Нивната врска е ставена на тест во тој тежок период, со што и двете ќе сфатат дека мора да ја прифатат реалноста што им ги крши срцата и да ја реосмислат нивната врска, барајќи нова среќа и нова рамнотежа во животот. Книга за загубата и повторното наоѓање надеж.
„Ова е таков вид книга што може да ве повлече во себе и да ве натера да се расплачете, а притоа сепак да ве поттикне да ја дочитате поради нејзината моќна амбиција… одличен пример за тоа што ги прави графичките романи толку моќни во рацете на вистински талентирани автори.“ – Хафингтон пост, „Најдобрите графички романи за 2019 г.“
Книгата е објавена во рамки на проектот „Соочување со неизвесноста: современа европска литература“ што издавачката куќа Артконект го реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.
Преводот е на Елисавета Поповска.