Артистот Skrillex спречи стампедо на својот настап

„Не сакам никој да се повреди“, им рече тој на присутните, откако го прекина својот настап точно четири и пол минути

Светски познатиот артист Skrillex за време на својот настап во Lollapalooza докажа дека вистинските уметници покрај музкиката се грижат и за безбедноста на своите фанови

Во неочекуван момент, диџејот и продуцент го паузираше својот настап на средина од сетот откако забележа дека дел од обожавателите се притистани во толпата, при што постоел сериозен ризик од предизвикување стампедо и можни човечки ѓртви.

Скрилекс се обрати директно до публиката, осигурувајќи се дека сите имаат простор да се повлечат и да ја смират ситуацијата.

„Не сакам никој да се повреди“, им рече тој на присутните, откако го прекина својот настап точно четири и пол минути.

Оваа сцена уште еднаш ја истакна важноста на безбедноста на концертите, контролата на публиката на фестивалот и одговорноста на уметникот за време на настапите во живо.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни