Artemis II: ,,Ако не можеме да ја понесеме љубовта до ѕвездите, тогаш зошто воопшто одиме таму…”

Додека светот е соочен со војни,поделби, еколошки катастрофи и смрт, Artemis II испрати моќни пораки за љубов, за заедништво и за смислата на човештвото

Додека на Земјата се зборува јазикот на војната, граници се затвораат, а луѓето се делат по вера, нација и интереси, додека се соочуваме со климатски промени и еколошки катастрофи, некаде далеку над нас, четворица астронаути гледаат кон истата планета, но со сосема поинаква перспектива. Од тишината на вселената, без бучавата на политиката и конфликтите, Земјата не изгледа како мапа на поделби, туку како нешто кревко, заедничко и неверојатно убаво.

„Она на што најмногу се надевавме во душата е дека барем за момент светот ќе застане и ќе се потсети дека ова е прекрасна планета на едно многу посебно место во универзумот“ зборуваше Рид Вајсман, командант на Artemis II од капсулата на „Орион“ гледајќи кон Земјата.

Ова не е техничка изјава од мисија туку тивок повик за пауза и преслушување. Во време кога светот ретко запира, оваа мисла звучи како нешто што ни недостасува повеќе од било каков напредок.

„Смислата на човештвото е радоста и тоа да се подигнуваме едни со други, да создаваме заедно наместо да уништуваме“, вели Џереми Хансен, додека капсулата се одалечува од земјата на пат кон месечината.

Во таа една реченица е содржан најголемиот контраст на денешницата. Додека човештвото гради ракети и ја освојува вселената, истовремено продолжува да руши градови на Земјата.

„Сè што треба да направиш во еден ден е да станеш, да го дадеш најдоброто од себе, да се обидеш да најдеш радост и да придонесеш на значаен и позитивен начин. И тоа е сè“, зборуваше Џереми Хансен.

Во свет кој бара совршенство, ова звучи речиси радикално. Не се бара величина, туку искрен обид. Не совршен живот, туку смислен ден. Од таму горе, Земјата не е поделена. Не е означена со граници. Таа е само една, како оаза во темнината.

„Во целата оваа празнина… ја имате оваа оаза, ова прекрасно место каде што постоиме заедно“ вели Виктор Гловер, пилот на Artemis II. „Се надевам дека оваа мисија ви дава нешто што можете да го зачувате во себе, во џебот, во срцето или во мислите. Не затоа што сакаме да го видите она што ние ви го покажуваме, туку затоа што сакаме да го земете тоа и да изградите начин со кој ќе ни го објасните светот.

Гловер и астронаутите како да ја враќаат топката. Тие ја гледаат Земјата од надвор, а ние сме тие што треба да одлучат каква ќе биде од внатре.

„Ќе истражуваме, ќе градиме, ќе создаваме летала, повторно ќе одиме таму… но на крајот, секогаш ќе ја избереме Земјата. Секогаш ќе се избереме едни со други“ ова е можеби нај емотовната порака која ја испрата Кристина Кох, од земјината орбита.

Artemis II ја одесе во вселатата храбороста, љубопитноста, истрајноста и љубовта. Тимот одлучи еден од кратерите да се вика „Керол“, во чест на сопругата на командантот Рид Вајсман, која почина од рак во 2020 година.

Денес, нејзиното име се најде високо над нас, на Месечината, а љубовта покажа дека може да биде голема до ,,месечината и назад.”

Во време кога човештвото размислува за живот на други планети, оваа пораките на астронаутите не зборуваат за бегство, туку за избор. Иднината не е некаде далеку, туку овде, меѓу нас.

Во време на војни и екомски кризи, во време кога срадање, еколошки катастрфи и разорувања, најсилна останува пораката на Амит Кастрија од NASA:

„Ако не можеме да ја понесеме љубовта до ѕвездите, тогаш зошто воопшто одиме таму?“

Во свет каде што секојдневно гледаме разединување, страв и конфликти, гласовите од вселената не носат технологија туку потсетник дека сме заедно на оваа планета. Дека таа е доволна и дека изборот дали ќе живееме во мир или во војна сè уште е наш.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни