Отприлика две недели пред следниот можен прозорец за лансирање, NASA во петокот соопшти дека го вратила ракетниот систем за одложената лунарна мисија Artemis 2 назад на лансирната рампа.
Поставен на специјализирано транспортно возило, системот висок околу 100 метри, кој се состои од ракетата Space Launch System и капсулата Orion, бил пренесен од монтажната зграда до лансирната рампа во вселенскиот центар Cape Canaveral на Флорида, соопшти NASA.
Патувањето долго околу шест километри трае приближно 11 часа.
Мисијата, чија цел е да испрати луѓе во близина на Месечината за првпат по повеќе од половина век, моментално е планирана за лансирање на 1 април, а дополнителни можности за лансирање се достапни до 6 април.
Се очекува мисијата Artemis 2 да трае околу 10 дена и ќе превеме четворица астронаути кон Месечината.
Екипажот го сочинуваат американските астронаути Кристина Коч, Виктор Гловер и Рид Вајсман, како и нивниот канадски колега Џереми Хансен, кој ќе лета околу Месечината. Американските астронаути последен пат стапнале на Месечината во 1972 година.
NASA првично планираше да ја лансира мисијата Artemis 2 на почетокот на февруари, а подоцна ја одложи за март. Сепак, при тестирањата се појавија низа технички проблеми, вклучувајќи и проблеми со снабдувањето со хелиум, поради што ракетниот систем привремено беше вратен во монтажната зграда.