Арсенал планира да потроши 360 милиони евра на засилувања ова лето

Лондонски Арсенал има намера во летниот преоден рок да го доведе крилниот напаѓач на Баерн, Лерој Сане (29), чиј договор со бундеслигашот истекува во јуни, јавија денеска британските медиуми.
Сане оваа сезона во сите натпреварувања постигна осум голови и додаде четири асистенции, а германскиот клуб засега не покажува интерес за продолжување на неговиот договор.

Британските медиуми наведуваат дека новиот спортски директор на Арсенал. Андреа Берта (53), кој со голем успех работеше во Атлетико Мадрид од 2017 до јануари оваа година, летово ќе има на располагање 360 милиони евра за засилувања.
Покрај Сане, кој би можел да се пресели во Арсенал без обесштетување, лондонскиот премиерлигаш планира ова лето да донесе во своите редови и двајца играчи од средниот ред, Бразилецот Бруно Гимараеш (27) од Њукасл и Мартин Зубименди (26) од Реал Сосиедад.


Откупната клаузула за Зубименди е 60 милиони евра, а уште поголема сума Арсенал ќе треба да издвои за Бруно Гимараеш, чиј договор со шпанскиот прволигаш истекува во јуни 2028 година. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни