Арсенал остана без Каи Хаверц до крајот на сезоната

Арсенал излезе со соопштение по повредата на напаѓачот Каи Хаверц. „Топчиите“ потврдија дека германскиот напаѓач ќе го пропушти остатокот од сезоната 2024/25.

Играчот наскоро ќе биде опериран поради повреда на тетивата здобиена на тренинг.

„Набргу по неговата операција, Каи ќе започне со програма за опоравување и рехабилитација, која се очекува да продолжи во претсезонските подготовки за следната сезона“, се вели во соопштението на клубот.

Повредата на Хаверц го остава тимот без централни напаѓачи.

Хаверц оваа сезона одигра 34 натпревари за лондончани во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 голови и пет асистенции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни