За јачината на ова растение доволно говори и фактот дека аронијата, мало растение бобинки кое потекнува од Северна Америка, е отпорно на зима и мраз и може да преживее до -47°C.
По празниците сите копнеат за детоксикација, опоравување од тешката храна и калориите кои ги внесуваме во организмот. Секако, се беше заслужено, но полека сите се враќаме на урамнотежена исхрана, а ние сме тука да ви помогнеме да се вратите на вистинската рамнотежа и регенерација!
Детоксикација на телото со аронија
Аронијата има најголема антиоксидантна активност меѓу сите бобинки и јаткасти плодови, а нејзините лисја и кора се користат и за медицински цели. Се покажа дека е ефикасна за слабеење, а неколку студии покажаа дека аронијата го поттикнува излачувањето на тешки метали и радиоактивни материи во организмот, па затоа не е чудно што постои уште еден интересен факт за ова овошје полно со витамини Ц и Е. Имено, по експлозијата во Чернобил, аронијата се користела за ублажување на последиците од зрачењето кај луѓето, иако дотогаш во Европа била забележана само како растение со многу убав цвет. Аронијата ја подобрува функцијата на тироидната жлезда, го подобрува и регулира лачењето на нејзините хормони и помага при болести на тироидната жлезда и гушавост. Дополнително, ја зајакнува општата состојба на имунолошкиот систем, ги смирува цревните грчеви и помага при детоксикација, што го прави одличен производ за вклучување во вашето мени по празниците.
Има една изрека која вели: „Од раѓање до смрт, најважната битка е онаа со слободните радикали, а во неа единствените сигурни пријатели на човекот се антиоксидансите!“
Извор: tvornicazdravehrane.com