Арне Слот е прогласен за тренер на сезоната во Премиер лигата

Холандскиот стратег со екипата на Ливерпул сезонава освои вкупно 84 бодови и ја освои титулата во Премиер лигата

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот е прогласен за тренер на сезоната од страна на Здружението на менаџери (LMA), освојувајќи ја наградата Сер Алекс Фергусон.

Победникот беше прогласен синоќа на 33-та годишна церемонија на доделување награди во Лондон.

– Членовите на „LMA“ ја препознаа неверојатната улога што ја одигра Арне Слот во водењето на неговиот тим до славата во Премиер лигата во фантастичната дебитантска сезона во англискиот фудбал, објави „LMA“.

Слот со екипата на Ливерпул сезонава освои вкупно 84 бодови и ја освои титулата во Премиер лигата

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни