Арне Слот ќе отсуствуа на следните два натпревари поради суспензија

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот доби суспензија од два натпревариаи парична казна од околу 80 илјади евра поради неговото однесување на одложениот натпревар од 15. коло на Премиер лигата со Евертон (2:2), објави прес-службата на Фудбалската асоцијација на Англија.

Четириесет и шестгодишниот Холанѓанец е казнет поради недолично однесување и навредливи или непристојни зборови упатени кон судиите по крајот на натпреварот. 

Самиот тренер ја призна вината. Заедно со Слот дисквалификуван ќе биде и неговиот помошник Сипке Хулшоф.

Слот, заедно со играчот од средниот ред на Ливерпул, Кертис Џонс и играчот од средниот ред на Евертон, Абдулај Дукур, добија црвени картони по масовна тепачка по последниот судиски свиреж. 

Ливерпул и Евертон исто така се казнети со 60.000, односно 78.000 евра. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни