Украинските вооружени сили минатата ноќ го нападнале аеродромот Саваслејка во Нижниновгородската област на Руската Федерација, пренесоа денеска украинските медиуми, повикувајќи се на објава на Генералштабот на украинската Армија.
Во соопштението се наведува дека ноќта на 9 јуни, единиците на украинските сили за специјални операции во соработка со припадници на други родови на украинската војска го нападнале аеродромот Саваслејка.
Спред информациите од украинските вооружени сили во акцијата на аеродромот биле онеспособени два руски авиони.