Армијата на терен: Претседателката одобри вклучување во гаснење на пожарите

Претседателката на државата донесе одлука за активирање на Армијата во справувањето со пожарите што последниве денови ја зафатија земјата.
Фото: Томислав Георгиев за Делегација на ЕУ Скопје

Од нејзиниот Кабинет информираат дека ангажманот се реализира согласно Законот за управување со кризи, а истиот следи по одлуката на Владата да прогласи кризна состојба поради ширењето на пожарите.

„Генералштабот на Армијата ќе го одреди начинот на делување на војската на терен, во согласност со потребите и проценките на надлежните служби,“ соопштуваат од Кабинетот.

Претседателката е во тек со состојбата со пожарите и изразува загриженост и сочувство со засегнатите сограѓани, информираат од Кабинетот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни