Тим археолози од Египет и Америка откри и ископа древна гробница со 11 неотворени ковчези во близина на градот Луксор, објавија египетските власти. Египетското Министерство за туризам и антиквитети соопшти дека гробницата, која датира од Средното Кралство (1.938 п.н.е. – 1.630 п.н.е.), била пронајдена во некрополата Јужен Асасиф, веднаш до храмот на фараонот Хатшепсут, на Западниот брег на Нил во Луксор. .
Заедничката египетско-американска мисија која ја ископуваше некрополата пронајде ковчези со мажи, жени и деца, што укажува дека станува збор за семејна гробница што се користела со генерации. Поплавите со текот на времето ги уништија повеќето дрвени ковчези и платнени покривкиСепак, некои предмети слични на накит во женските гробници биле пронајдени недопрени, вклучително и ѓердан со 30 мониста од аметист и две цилиндрични монистра од агат кои врамуваат амајлија со глава на нилски коњ.
Кетрин Блејкни, водечкиот американски археолог во тимот, рече дека пронашле две бакарни огледала, едното со рачка од лотос, а другото со уникатен дизајн во форма на Хатор, божицата на небото, жените, плодноста и љубовта во древниот Египет.
Откритието доаѓа откако Египет ги удвојува напорите да привлече повеќе туристи, што е значаен извор на готовина за северноафриканската земја. Туризмот претрпе сериозен пад по политичките превирања и насилство што следеа по востанието во 2011 година, економската криза и пандемијата.
Минатиот месец, Големиот египетски музеј, „Мега проект“ во близина на пирамидите во Гиза, отвори 12 сали во кои беа изложени фараонските артефакти.