Археолози открија пирамиди и „гробници на џинови“ во Полска

Во западна Полска, во селото Вискоќ, археолозите открија две мегалитски гробници стари повеќе од 5.500 години, кои локалното население ги нарекува „полски пирамиди“ или „гробници на џинови“ поради нивната монументална форма.

Овие пирамидални, долги до 200 метри и високи околу 4 метри, биле изградени во издолжена трапезоидна форма, со поширокиот и повисок дел ориентиран кон исток, што укажува на симболика поврзана со астрономијата и духовноста.

Истражувањата ги води тим од Универзитетот „Адам Мицкевич“ во Познањ, со користење на далечинско сензорирање и археолошки ископувања. Ова е само втор ваков локалитет откриен во регионот, што му дава голема историска вредност.

Гробниците биле изградени со масивни камени блокови, од кои некои тежеле и до 10 тони. Иако без современа опрема, се верува дека градителите користеле санки и човечка сила за да ги пренесат.

Според експертот Артур Голис, делови од камењата биле одземани низ вековите за други потреби, поради што денес објектите се делумно оштетени.

Во овие гробници биле закопувани најважните личности од заедницата – поглавари, свештеници или шамани, положени на грб со нозете свртени кон исток. Покрај нив се наоѓале садови, камени секири, накит од бакар, и други вредни предмети.

Локалитетот засега не е отворен за јавноста, но откритието е потсетник дека уште во камено време луѓето имале развиена култура на почит кон починатите и исклучителна организација во изведбата на монументални проекти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни