„Архангел” на затворање на Летната сцена „Славиша Кајевски”

Програмата на Летната сцена „Славиша Кајевски“ се затвори онака како што и започна, со убав настан, со музика и дружење. Магијата на театарот во септемвриските вечери донесе многу публика во театарот под отворено небо. Во градот на кој му недостасуваат културни настани, летната сцена во овие десетина дена ни донесе убава комбинација од театар и музика

Легендарниот македонски бенд „Архангел” со спектакуларен концерт вчера вечер го затвори првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски” на МНТ во Скопје. Концертот со наслов „Македонски подобро звучи – Едиција 4” ги собра љубителите на добрата македонска музика на незаборавна вечер на терасата на Македонскиот народен театар.

Програмата на Летната сцена „Славиша Кајевски“ се затвори онака како што и започна, со убав настан, со музика и дружење. Магијата на театарот во септемвриските вечери донесе многу публика во театарот под отворено небо. Во градот на кој му недостасуваат културни настани, летната сцена во овие десетина дена ни донесе убава комбинација од театар и музика.

Македонскиот народен театар одлучи годинава со новиот проект Летната сцена свечено да ја отвори новата сезона.

Летната сцена „Славиша Кајевски“ започна со изведбата на претставата „Црнила ремикс“ – хип-хоп интерпретација на класичното дело од Коле Чашуле, режирана од Јордан Симонов и продуцирана од Младинскиот културен центар (МКЦ), а заврши со голем концерт на Архангел.

Во сезоната пред нас, МНТ најавуваат три премиери, гостувања и стари хитови и нови изведби на сцената на театарот. На Летната сцена велат ќе се вратат повторно.

Ги очекуваме со нови убави проекти…Во меѓувреме, да се потсетиме на вчерашниот концерт преку галеријата на фотографии

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни