Аракчи: Не сакаме директни преговори со САД, нема да се откажеме од збогатувањето на ураниум

Арагчи рече дека иако Техеран не сака директни разговори со Вашингтон, може да постигне договор преку индиректни разговори, објави Ал Џезира

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска изјави дека Техеран не сака директни преговори со САД за неговата нуклеарна или ракетна програма и повтори дека Иран нема да се откаже од збогатувањето на ураниум.

„Никогаш нема да преговараме за нашата ракетна програма и ниедна рационална личност не би се разоружала. Не можеме да го запреме збогатувањето ураниум, а тоа што не може да се постигне со војна, може да се постигне со политика“, рече тој.

Арагчи рече дека иако Техеран не сака директни разговори со Вашингтон, може да постигне договор преку индиректни разговори, објави Ал Џезира.

Според него, Иран е подготвен да преговара за да ја отстрани загриженоста за неговата нуклеарна програма и повтори дека нејзината природа е „мирнодопска“.

„Постигнувањето фер договор е можно, но Вашингтон предложи неприфатливи и невозможни услови“, додаде првиот ирански дипломат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни