Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги предупреди американските сојузници дека ризикуваат „соучество“ во воени злосторства ако му помогнат на Вашингтон да го деблокира Ормутскиот теснец, стратешки воден пат кој моментално е под блокада од иранските сили.
Во телефонски разговор со својот јапонски колега Тошимицу Мотеги, Арагчи тврдел дека САД и Израел се одговорни за моменталната ситуација во теснецот, објави иранското Министерство за надворешни работи во објава на Телеграм.
Тој предупреди дека учеството на која било земја во обидот за пробивање на иранската блокада би претставувало „соучество во агресијата и грозоморните злосторства извршени од агресорите“.
Блокадата на Хормуз и воените операции на Блискиот исток предизвикаа силен раст на нафтата и оснататие енергенси.