Apple следниот месец ќе претстави и нови лаптопи и iPad-и со M4 процесор

Денешното претставување на новиот iPhone 16 нема да биде последниот Apple настан оваа година, бидејќи компанијата сака да претстави нови лаптопи и iPad-и со процесор M4 во октомври, пренесе Блумберг.

Apple веројатно ќе го претстави и новиот iPad Mini за прв пат по октомври 2021, како и Mac Mini со M4 чип, спакуван во „кутија“ голема колку Apple TV, што би бил првиот вистински редизајн на мини-десктоп компјутер по повеќе од една деценија.

На настанот исто така се очекува да бидат презентирани и нови верзии на iMac и MacBook Pro, и двата со M4 чипови.

Помеѓу тоа и ажурираните iPhone-и, Apple Watches и AirPods што се очекуваат на денешниот настан „Glowtime“, само неколку производи на Apple не се ажурирани оваа година. Тоа ги вклучува и AirPods Max, за кои медиумите пишуваат дека се уште одлично се трошат, поради што не се очекува да бидат повлечени.

Извор: The Verge

Најново

Последни колумни