Apple повторно највреден бренд во светот

Apple е највредниот бренд во светот втора година по ред, а неговата вредност е зголемена за 11 отсто во минатата година и сега изнесува 547,5 милијарди долари.

Второто место на листата на највредни брендови, со вкупна вредност од 461,1 милијарди долари, годинава повторно го зазеде Microsoft, кој оствари раст од 35 отсто.

На третото место на листата „Brand Finance Global 500“ за 2025 година се најде Google, кој оствари вредност од 413 милијарди долари со раст од 24 отсто. Четврти е Amazon со раст од 15 отсто и вкупна вредност од 356,4 милијарди долари.

Од најголемите светски технолошки компании, првите 10 највредни брендови ги вклучија: Samsung (вредност: 110,6 милијарди долари), TikTok (105,8 милијарди долари), Facebook (91,5 милијарди долари), Nvidia (87,9 милијарди долари) долари) и SGCC, или State Grid Corporation на Кина (85,6 милијарди долари).

Највреден европски бренд на листата е Дојче Телеком, кој се најде на 11-то место со вредност од 85,3 милијарди долари, што е за 16 отсто повеќе од пред една година.

Сите 500 највредни брендови на листата Brand Finance Global 500 се збирно 10 отсто повредни од пред една година, а нивната вкупна вредност е 9,5 билиони долари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни