Компанијата Епл објави дека во наредните четири години планира да инвестира повеќе од 500 милијарди долари во економијата на САД и со тоа да отвори најмалку 25.000 нови работни места, соопшти прес-службата на технолошкиот гигант.
Епл во Хјустон, Тексас, планира да отвори фабрика за производство на сервери за платформата за вештачка интелигенција Apple Intelligence.
Компанијата исто така наведува дека ќе продолжи да вложува средства во научно-истражувачки и развојни проекти. Технолошкиот гигант истакна дека во изминативе пет години уплатил даноци во американскиот буџет во висина од 75 милијарди долари.