Apple оствари рекорден приход: Бројките што ги остварија ги надминаа сите очекувања

Оваа бројка ги надмина очекувањата на Вол Стрит, кој предвидел 124,13 милијарди долари приход

Apple објави извештај за заработката за првиот фискален квартал 2025 година, кој ја опфаќа период од октомври до декември 2024 година. Ова е традиционално најсилниот период за компанијата, бидејќи вклучува празничната сезона, кога продажбата на iPhone, Apple Watch и други уреди е на врвот.

Во текот на овој квартал, Apple остварил приход од 124,3 милијарди долари, што претставува раст од 4% во однос на истиот период минатата година, кога приходот изнесуваше 119,58 милијарди долари. Оваа бројка ги надмина очекувањата на Вол Стрит, кој предвидел 124,13 милијарди долари приход. Чистата добивка на компанијата изнесуваше 36,33 милијарди долари.

Еве детали за клучните бројки:

Компанијата остварила вкупен приход од 124,30 милијарди долари, приход од iPhone: 69,14 милијарди долари, приход од Mac: 8,99 милијарди долари, приход од iPad: 8,08 милијарди долари, приход од преносни уреди, домашни производи и додатоци: 11,75 милијарди долари и приход од услуги (Apple Music, iCloud, TV+ итн.): 26,34 милијарди долари

„Најдобар квартал досега“

„Денес Apple известува за нашиот најдобар квартал досега, со приходи од 124,3 милијарди долари, што е 4% повеќе во однос на минатата година“, изјави Тим Кук, извршен директор на Apple.

„Возбудени сме што им донесовме на нашите купувачи најдобра понуда на производи и услуги за време на празничната сезона. Со Apple чиповите отклучуваме нови можности преку Apple Intelligence, што ги прави апликациите и корисничкото искуство уште подобри и персонализирани. Исто така, возбудени сме што Apple Intelligence од април ќе биде достапен на повеќе јазици.“

Apple сега има 2,35 милијарди активни корисници

Тим Кук исто така откри дека Apple сега има 2,35 милијарди активни корисници, што е 150 милиони повеќе во однос на минатата година и дури 400 милиони повеќе во споредба со 2022 година.

Сепак, како што известува GSM Arena, и покрај растот на вкупниот приход, продажбата на iPhone малку паднала за 1% – од 69,7 милијарди долари во 2023 година на 69,1 милијарди долари. Исто така, продажбата во Кина се намалила за повеќе од 2 милијарди долари, што претставува потенцијален предизвик за компанијата.

Apple се надева дека Apple Intelligence, кој ќе биде достапен на повеќе јазици и во повеќе региони, од април ќе стане клучен двигател на растот во текот на 2025 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни