Apple обвинет дека ги прекршил правилата на ЕУ

Антимонополските регулатори на Европската Унија обвинија дека Apple, ги прекршил технолошките правила на Унијата, обвинение што може да резултира со голема казна за производителот на iPhone, кој исто така се соочува со нова истрага за новите такси наметнати на развивачите на апликации.

Европската комисија, која е и антимонополски и технолошки регулатор на ЕУ, соопшти дека ги испратила своите прелиминарни наоди до Apple по истрагата започната во март.

Обвинението против Apple е прво од страна на Комисијата според нејзиниот значаен Закон за дигитални пазари, кој се обидува да ја заузда моќта на големите технолошки компании и да обезбеди рамноправно поле за игра за помалите компании.

Прекршувањата на законот може да резултираат со парична казна од дури 10% од глобалниот годишен обрт на компанијата.

Шефот на антимонополската управа на ЕУ, Маргрете Вестагер, ги наведе проблемите со новите услови на Apple, велејќи дека тие не успеале да се усогласат со Законот за дигитални пазари. Apple може да избегне парична казна ако успее да ги реши проблемите утврдени од ЕУ.

„Како што е моменталната поставеност, мислиме дека овие нови услови не им дозволуваат на развивачите на апликации слободно да комуницираат со нивните крајни корисници и да склучуваат договори со нив“, рече таа на конференција.

Таа рече дека сега на потег е Apple да одлучи како да се усогласи со правилата на ЕУ, а не таа да им кажува на компанијата што да прави.

Apple соопшти дека направил голем број промени во изминатите неколку месеци за да се усогласи со Законот откако доби повратни информации од развивачите на апликации и Комисијата.

„Како што работевме и досега, ќе продолжиме да ја слушаме и да се консултираме со Европската комисија“, велат од Apple.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни