Apple планира да премести дел од производството на iPhone од Кина во Индија за да го ублажи импактот на новите американски царини што ги воведе претседателот Доналд Трамп на кинеските производи, објави Wall Street Journal.
Извори блиски до компанијата наведуваат дека станува збор за привремена мерка додека Apple се обидува да добие изземање од царините, како што веќе постигна во текот на првиот мандат на Трамп. Компанијата во моментов не сака радикално да го промени својот долгорочен снабдувачки ланец, кој сè уште е силно зависен од Кина.
Трамп, прескокнувајќи го вообичаениот повеќемесечен законодавен процес, го искористи законот од 1970-тите години за брзо да воведе царини. Ова предизвика најголем тродневен пад на вредноста на акциите на Apple во последните 25 години.
Увозот на iPhone од Кина во моментов е погоден од царини од 54 проценти, додека на увозот од Индија се применува многу пониска стапка од 26 проценти. Како одговор на американските мерки, Кина воведе царини од 34 проценти на дел од американските производи. Претседателот Трамп побара од Кина да ги укине своите возвратни царини до денес, инаку се заканува со дополнителни царини од 50 проценти, што е токму причината за падот на вредноста на акциите на Apple.

Цената на iPhone може да порасне
Заради постоечките царини, цената на најновиот iPhone порасна за 1000 долари, па новиот модел може да чини дури 2300 долари.
Администрацијата на Трамп дополнително го засили притисокот врз американските и странските технолошки гиганти, а Apple сега се обидува да избегне зголемување на цените на своите производи поради дополнителните трошоци за увоз од Кина. Во случај да царините останат на сила, Apple може и трајно да ја зголеми својата присутност во Индија, каде веќе има производствени капацитети.
„Ова е краткорочно решение додека ситуацијата не се разјасни“, велат извори од Apple.
За време на неговата прва администрација, извршниот директор на Apple Тим Кук лично лобираше кај Трамп и успеа да добие изземање од слични мерки. Но, сегашната неизвесност и остриот трговски тон на Белата куќа ги принудуваат Apple да преземат дополнителни мерки на претпазливост.
Царините се дел од пошироката трговска стратегија на актуелниот претседател, кој вели „America First“ значи и „американска производство пред сè“. Трамп овие денови повторно истакна дека САД ќе ги користат царините за да ги принудат странските земји да ги отворат пазарите за американски производи и да ги намалат своите стандарди, кои ги нарекува „немонетарни бариери“.