Младиот Леонид Индов, кој беше дел од победничкиот тим на NASA Space Apps Challenge 2022 од Скопје, за кој “Трн” направи сторија минатиот месец, летово доживеа сериозна несреќа за време на летување во Грција, по што му беше направена комплицирана операција на ‘рбетниот столб.
На Леонид му е потребно итно лекување со рехабилитација во специјализирана здравствена установа, но жал во Македонија нема соодветна установа и методи за лекување, а секое дополнително чекање ќе го направи опоравувањето многу потешко. Клиники од Австрија и Швајцарија веќе го разгледаа неговиот случај и даваат солидни шанси за опоравување.
Со поддршка од сите нас ќе му го дадеме најубавиот Новогодишен подарок на Лео и ќе помогнете да продолжи да биде инспирација за следните генерации. Секој мал придонес ќе помогне во остварувањето на неговиот сон за нормален живот.
На Лео можете да му помогнете со:
1. Јавување на телефонските броеви Т-мобиле: 143-118 / А1: 143-500 (100 денари од јавување)
2. Уплата од Македонија: 210-7000006805-91 НЛБ Банка
3. Уплата од странство: IBAN: MK07210501567799991, SWIFT: TUTNMK22, NLB BANKA AD SKOPJE
4.Поставување на кутија за донации во вашите компании, организации, новогдоишни базари и училишта.
Новогодишните празници инспираат добрина, човечност и дарување. Секој од нас по малку и сите заедно може да направиме многу. Можеме да ја вратиме насмевката на лицето на Лео. Пред него се уште уште многу убави предизвици. На линкот можете да ја видите приказната на Леонид и неговите пријатели за учеството во NASA Space Apps Challenge 2022 во САД.